Сосиедад го расипа дебито на Мичел
Севиља со 2-0 загуби на гостувањето кај Реал Сосиедад, деби со пораз на Мичел.
Новиот тренер на Севиља, Мичел имаше лошо деби, доживеа пораз на гостувањето кај Реал Сосиедад.
Резултатот беше отворен во 64. минута кога Карлос Вела со волеј реализираше за водство на домаќините од 1-0.
Сите надежи на Севиља за позитивен резултат ги сруши Рубен Пардо со прекрасен погодок во 68. минута.
Со овие три бода Реал Сосиедад ја помина Севиља на табелата во Примера, тие се искачија на 11. место, гостите паднаа на 13. позиција.
