Балак уште е лут на Баерн што не го пуштиле во Барселона

Пред утрешниот дуел на Леверкузен со Барселона, поранешниот капитен на германската репрезнтација признава дека посакувал да се пресели во Барселона во 2004 година.
Михаел Балак во интервју за Mundo Deportivo изјави дека се уште е лут на управата на Баерн што не го пуштиле во Барселона во 2004 година.
 
Поранешниот германски репрезнтативец открива дека во летото 2004, Барселона испратила официјална понуда за негов ангажман, која што Баерн првично ја прифатил. Па кога се било договорено, по Европското во 2004, тогашниот спортски директор, а сегашен претседател на тимот Ули Хенес го стопирал трансферот.
 
„Да криво ми е што не се оствари трансферот во 2004,“ изјави Балак.
 
„Ние постигнавме договор и имавме согласност од Ули Хенес, но трансферот сепак беше откажан тоа лето. По Еуро 2004, Хенес ми кажа дека не сум на продажба и го стопира мојот трансфер. Секако бев многу лут и разочаран што Баерн не ми дозволи да преминам во Барса кога се беше договорено.“ - се присети Балак.
 
„Понекогаш се прашувам како ќе се движеше мојата кариера доколку заиграв покрај Меси, Чави, Иниеста и другите ѕвезди на Барселона. Тогаш бев навистина возбуден поради тоа. Потоа во 2006 завршив во Челзи како слбоден играч, па Баерн не виде ни евро од мене.“
 
Балак требаше утревечер да настапи против Меси и Барселона, но за жал поради повреда нема да биде во тимот на Леверкузен.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]