Кагава: Сакам да останам во Дортмунд

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Шинџи Кагава вели дека поминува низ одличен период и сака да остане на Сигнал Идуна Парк

Јапонскиот репрезентативец пристигна во Дортмунд во 2010 како анонимец во трансфер вреден само 350 000 евра, но експресно се етаблираше како клучен фудбалер во тимот на ’Милионерите’.

 

Неговите добри партии не останаа незабележани, па името на Кагава почна да се поврзува со екипи како Манчестер Јунајтед, Милан и Интер.

 

Но Борусија Дортмунд не сака да слушне за продажба на плејмејкерот, и од поодамна се започнати преговори за продолжување на договорот.

 

Се чини дека актуелниот шампион на Германија лесно ќе постигне согласност со Кагава за продолжување на соработката, бидејќи токму тоа го посакува и Јапонецот.

 

“Поминувам низ еден одличен период, и сакам тој да трае уште долго.” – рече Кагава. “Сакам да останам тука.”

 

22 годишниот Шинџи Кагава е обврзан кон Борусија Дортмунд до 30. јуни 2013.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]