Барса и Атлетик инсистираат финалето од Копа дел Реј да се игра на Бернабеу

Барселона и Атлетик Билбао доставија барање до Фудбалската Федерација на Шпанија финалето од Копа дел Реј да се игра на Сантијаго Бернабеу

Претставници на Барселона и Атлетик Билбао денеска имаа состанок со луѓето од ФФШ, на кој се разговарало за финалето од Копа Де Реј.

 

Средбата ќе се одигра во мај ( 25. или пак на 20. мај доколку Барселона не стигне до финалето од Лигата на Шампионите) но најголем проблем преставува стадионот на кој силите ќе ги одмерат Барселона и Атлетик Билбао.

 

Двата клуба до ФФШ денска доставиле барање средбата да се одигра на Сантијаго Бернабеу, и притоа одбиле да понудат алтернативни стадиони.

 

Барса и Атлетик го гледаат Бернабеу како идеално место за одигрување на финалето од Копа дел Реј поради огромниот капацитет од 85 500 седишта, но Реал Мадрид веќе категорично се спротивстави на ваквата идеја.

 

Сега луѓето од федерацијата ќе треба да одржат преговори со претставници на Кралскиот клуб, и во следните десетина дена ќе се обидат да го убедат Реал да се предомисли и да дозволи финалето од Копа дел Реј да се игра на Бернабеу.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]