Пике инволвиран во сообраќајна незгода
Извештаите што пристигнуваат од Шпанија, говорат дека Жерард Пике утрово на пат за Камп Ноу доживеал мала сообраќајна незгода во центарот на Барселона.
Се говори дека автобус удрил во автомобилот на Пике, но за среќа дефанзивецот поминал без повреди, и само бил запрепастен од целата случка.
Пике потоа со такси продолжил до Камп Ноу, каде што го чекале преостанатите фудбалери на Барселона.
Поради инцидентот, експедицијата на Барселона малку покасно од планираното пристигнала на аеродромот Ел Прат, од каде во 10 и 30 фатиле лет за Келн.
Актуелниот шампион на Европа утре се среќава со Баер Лерверкузен во првиот натпревар од 1/8 – финалето во Лигата на Шампионите.
