Реднап сака да го види Пол Сколс на ЕВРО 2012

Хери Реднап би сакал да го види Пол Сколс во дресот на Англија на Европското Првенство што летоска ќе се одржи во Полска и Укрина

Сколс нема настап за ’Трите Лава’ од 2004, кога реши да стави крај на репрезентативната кариера.

 

Англичанецот минатото лето реши да се прости и од клупската кариера, но поради кризата со повредени фудбалери која го зафати Манчестер Јунајтед, Сколс минатиот месец направи шокантно враќање на терените.

 

Хери Реднап, кој е главен фаворит за наследник на Фабио Капело на жешкото столче на Англија, е импресиониран од кам-бекот на Сколс и вели дека 37 годишниот фудбалер може да одигра клучна улога во националниот тим.

 

“Да бидеме искрени, би сакале да го имате Пол Сколс на европското оваа година.” – рече Реднап.

 

“Тој е толку добар што мора да биде во вашиот тим. Сигурен сум дека, без разлика кој ќе биде селектор, ќе сака да го има Сколс во тимот. Би сакале тој да игра.”

 

“Тој игра како Шпанец, може да игра како Чави, како Иниеста, не ја губи топката.”

 

Фабио Капело во пресрет на СП 2010 му понуди на Пол Сколс можност да се врати во репрезентацијата на Англија, но фудбалерот ја одби поканата, а подоцна истакна дека многу жалел за ваквата одлука.

 

Во меѓувреме, Реднап додава дека Скот Паркер, кој е капитен во Тотенхем, е добар кандидат и за капитенската лента во Англија.

 

“Сигурен сум дека Скоти може да ја носи капитенската лента, исто како и Стивен Џерард.”

 

“Скоти е фантастично момче, тој е семеен човек, го сака фудбалот, тренира добро, игра добро, одлично си ја врши работата, и никогаш не креира проблеми.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]