Мурињо: Голот на Кристијано Роналдо беше фантастичен
Реал Мадрид има предност од 10 бода во однос на Барселона, но Жозе Мурињо вели дека титулата не е освоена се додека и теоретски не биде заверена.
По 22 одиграни натпревари во Примера, Реал Мадрид има десет бода предност во однос на најголемиот ривал за титулата, Барселона.
Многумина веќе го прогласија Реал Мадрид за шампион, но Жозе Мурињо сака неговиот тим да остане фокусиран и вели дека титулата не е освоена се додека таа не биде и математички заверена.
"Има уште многу бодови до крајот, треба да се одиграат уште многу натпревари. Секој натпревар е тежок, па сеуште има шанси за сите" - вели Жозе Мурињо.
"Оние кои сакаат да избегнат испаѓање или оние кои се борат за Европа, ризикуваат се. Доколку Барса победува, потребни ни се уште 39 бода до крајот, преведено значи 13 победи, тоа е многу".
"Предноста е десет бода, и тоа ви дава простор за грешка. Доколку загубиме натпревар нема да влеземе во одлучувачка ситуација. Секој натпревар е тежок".
"Леванте беше многу добро организиран од тактичка гледна точка. Треба да продолжиме да победуваме бидејќи првенствата се освојуваат само кога математиката ќе го каже тоа".
"Не сакам да го коментирам она што го пишуваат медиумите бидејќи нивните интереси се поинакви од нашите. Им реков на моите фудбалери дека тие се истите кои ставаа притисок врз нас кога не победувавме. Не е поразлично и за другите тимови. Мораме да останеме смирени и да избегнеме дискусии за другите тимови".
Кристијано Роналдо беше главната ѕвезда на натпреварот, постигна хет-трик, неговиот трет погодок беше фантастичен.
"Голот на Кристијано Роналдо беше неверојатен, фантастичен и верувам дека ќе се врти во светот во наредните неколку недели. Целиот тим го чувствува тоа, тоа беше посебен удар на Кристијано".
Во последните денови се крена прашина околу тоа каде ќе се игра финалето од Копа Дел Реј, информациите велеа дека Реал Мадрид не сака тоа да биде на Сантијаго Бернабеу, но Мурињо нема таков проблем.
"Јас нема да играм во финалето на Копа Дел Реј, па не ми е грижа дали ќе се игра тука или во Кина".
Прекрасниот погодок на Кристијано Роналдо:
