Извлечени полуфиналните двојки од Германскиот ДФБ Куп
Синоќа беа извлечени полуфиналните двојки од ДФБ Купот во Германија, каде што на актуелниот германски шампион Дортмунд му беше извлечено гостување кај Гројтер Фурт, додека Баерн ќе гостува кај Менхенгладбах.
Овогодишеното изненадување во Германија, тимот на Менхенгладбах ќе го пречека тимот на Баерн Минхен во полуфиналето од Германскиот куп.
Баварците иако на хартија фаворити за овој натпревар, забележаа два порази против тимот на Менхенгладбах во Бундеслигата оваа сезона, па тоа само навестува на неизвесен и интересен натпревар.
Во другото полуфинале, повеќе среќа имаше тимот на Борусија Дортмунд, лидерот во Бунеслигата, кој ќе гостуваат кај второлигашнот Гројтер Фурт.
Тимот на Гројтер е аутсајдер во овој натпревар, но истовремено и изенадување на овогодишениот ДФБ Куп, бидејќи досега ги испаднаа тимовите на Нирнберг и Хофенхајм.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 20 и 21 Март, а финалето ќе биде на 12 Мај на Олимпискиот стадион во Берлин.
