24фудбал

Капело планира да се релаксира

Фабио Капело вели дека не посакува да биде тренер во Италија, и во овој момент планира да се релаксира

Италија

Дон Фабио во средата си поднесе оставка од селекторската функција на Англија, откако ФА одлучи да му ја одземе капитенската лента на Џон Тери, кој е обвинет дека упатил расистички навреди кон Антоан Фердинанд.

“Не избегав.” – рече Капело. “Заминав бидејќи имаше недоразбирање.”

“Бев многу среќен таму, но има моменти кога едноставно решавате дека е време да заминете.”

Се говори дека Фабио Капело би можел да го превзеде кормилото на Интер, но стратегот вели дека не посакува да биде на кормилото на клуб од Серија А.

Запрашан за можноста да работи во клуб од родната Италија, Капело одговори: “Не во Италија, апсолутно не. Во моментов, сакам да се релаксирам.”