Маркус Бабел застана на чело на Хофенхајм
Управата на Хофенхајм вчера реши да му врачи отказ на нивниот тренер Холгер Станиславски, а и не чекаа долго пред да го претстават неговиот наследник.
Преку нивната официјална веб страна Хофенхајм објави дека на кормилото на тимот ќе застане Маркус Бабел, со кој потпишале договор до 2014 година.
Маркус Бабел тренерската кариера ја започна во 2008 година во Штутгарт, каде што остана 13 месеци, од каде што премина во Херта и во неговата прва година таму го врати тимот во првата Бундеслига, но потоа одлучи да не го продолжи договорот.
Сега го превзема кормилото на Хофенхајм кој се наоѓа на 8. позиција во Бундеслигата и негова задача ќе биде да обезбеди пласман во некој од Европските купови.
