Ибра му удрил шлаканица и на Сторари?

Џорџо Киелини вели дека Златан Ибрахимовиќ му удрил шлаканица на Марко Сторари по финишот на вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Јувентус

По последниот свиреж на судијата, Ибра и Сторари влегоа во расправија а Џорџо Киелини го обвини напаѓачот на Милан дека му удрил шлаканица на голманот на Јувентус.

 

“Што се случи со Ибра по крајот на натпреварот? Јас немав ништо со Ибра, но она што му се случи на Салваторе Ароника во неделата, сега му се случи и на Марко Сторари.” – рече Киелини за Sky Sport Italia.

 

“Се надевам дека некој добро го виде целиот инцидент, и ТВ камерите го уловија потегот.”

 

“Вакви работи можат да се случат во мигови кога емоциите се превисоки, но фудбалерите мораат да бидат казнети поради своите грешки.”

 

Во неделата, Ибра доби црвен картон поради тоа што го удри Ароника за време на средбата помеѓу Милан и Наполи.

 

Фудбалските власти му доделија на шведскиот репрезентативец три натпревари суспензија, а Милан ја обжали ваквата одлука.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]