Видео: Грнчаров доби шест натпревари суспензија
Македонскиот дефанзивец, Бобан Грнчаров доби суспензија од шест натпревари откако предизвика инцидент на натпреварот помеѓу Лирс и Стандард Лиеж.
Грнчаров ќе паузира на следните шест натпревари, откако спортскиот комитет при Белгиската Фудбалска Федерација му изрече ваква суспнезија по инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Лирс и Стандард Лиеж.
Македонецот го искуба фудбалерот на Стандард, Фелипе кој наседна на провокацијата и го бутна Грнчаров по што и двајцата играчи добија црвени картони.
Инцидентот не се смири се додека фудбалерите не го напуштија теренот.
Повеќе информации за македонскиот фудбал прочитајте на macedonianfootball.com
