Вардар и Миравци ги вратија старите имиња

Вардар и Миравци официјално ги избришаа додавките до своите имиња, 1947 односно 1951.
Иако ги користеа своите оригинални имиња, Вардар и Миравци во Фудбалската Федерација на Македонија официјално беа регистрирани како Вардар 1947 и Миравци 1951.
 
Тие беа приморани да ги променат имињата откако ги заменија местата во лигите.
 
Откако измина периодот во кој мораа да имаат додавка до своето име, двата клуба ги вратија своите стари називи, ги избришаа бројките на основања и продолжуваат со имињата Вардар и Миравци.
 
ФФМ информираше и дека Зоран Шишковски повеќе не е претседател на Вардар, на негово место доаѓа Љупчо Трпковски.
 
Останати вести од Вардар се дека Србинот, Раденко Бојовиќ и Нигериецот, Оса добиваат македонско државјанство и ќе бидат регистрирани како македонски фудбалери со што ќе се отвори место за нови странци во тимот.
 
Повеќе информации за македонскиот фудбал прочитајте на macedonianfootball.com.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]