Ливерпул го исфрли Манчестер Јунајтед од ФА Купот

Ливерпул со 2-1 го доби дерби натпреварот против Манчестер Јунајтед и продолжува во ФА Купот.
Ливерпул славеше на Енфилд во големата дерби пресметка против Манчестер Јунајтед.
 
Црвените со гол на Дирк Кајт во финишот од натпреварот дојдоа до победа и го исфрлија Манчестер Јунајтед од ФА Купот.
 
На Ливерпул не му оди најдобро во Премиер лигата, но игра во финалето од Карлинг Купот и ги продолжува натпреварите во ФА Купот.
 
Манчестер Јунајтед во минатото коло го исфрли Сити славејќи на негов терен, но денес не успеа да добие уште еден голем дерби натпревар во ФА Купот.
 
Натпреварот беше отворен во 21. минута кога Агер со глава постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0, Де Геа не беше на висина на задачата.
 
Но, на пет минути до крајот на полувремето Парк го израмни резултатот на 1-1.
 
Во 88. минута Дирк Кајт постигнува гол за ерупција на Енфилд и победа на Ливерпул од 2-1.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 149
Милан [43.62%, 65 гласови]
Нерешено [6.04%, 9 гласови]
Јувентус [50.34%, 75 гласови]