Инзаги во Лацио, Сисе во КПР?

Италијанските медиуми пишуваат дека пред крајот на јануарскиот преоден рок Лацио би можел да го прати Сисе во КПР и да го ангажира Инзаги од Милан.
Сисе дојде во Лацио во летниот преоден рок како големо засилување, но првиот гол го постигна во четвртокот во куп дуелот со Милан.
 
Французинот е големо разочарување, па неговата авантура во Лацио се чини дека брзо ќе заврши.
 
Шпекулациите велат дека тој би можел да се пресели во КПР кои значително се засилуваат во овој преоден рок.
 
Интересно во сторијата на Gazzetta dello Sport  е тоа што доколку Сисе замине во КПР, Пипо Инзаги ќе пристигне на Олимпико како негова замена.
 
Инзаги не добива минутажа во Милан, а Росоњерите го ангажираа и Макси Лопез, па би можеле лесно да се ослободат од Пипо.
 
Остануваат уште неколку дена да видиме дали сторијата на италијанскиот весник ќе се реализира.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]