Официјално: Милан го комплетираше трансферот на Макси Лопез

Милан конечно соопшти дека Макси Лопез е ново засилување за тимот на Масимо Алегри

Актуелниот шампион на Италија уште на почетокот на оваа недела го договори трансферот на Макси Лопез, но целата зделка беше во мирување поради желбата на ’Росоњерите’ да се ангажира Карлос Тевез.

Но очигледно Милан не успеа да ги убеди ’Граѓаните’ да ги променат барањата за Тевез, па вечерва официјално го потврдија ангажманот на Макси Лопез.

Вестите за ангажманот на Макси Лопез најпрво се појавија на Твитер профилот на Милан, а пораката гласеше: “Милан може да го потврди ангажманот на Макси Лопез на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер.”

Неколку минути подцона се појави и соопштение на веб страната на Милан, кое гласеше: “По долго исчекување, Макси Лопез конечно е нов фудбалер на Милан.”

“Милан попладнево го направи својот избор. Макси Лопез ќе го носи дресот на ’Росоњерите’ и ќе го оствари својот сон.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]