Писмо со куршум за Антон Фердинанд

Медиумите од Англија пренесуваат дека на адреса на Антон Фердинанд пристигнало писмо со куршум

Смрттните закани за дефанзивецот доаѓаат непосредно пред дуелот помеѓу КПР и Челзи во ФА Купот.

Во октомври минатата година, Антон Фердинанд беше инволвиран во инцидент со Џон Тери, по кој капитенот на Челзи беше обвинет за расизам.

ФА покрена истрага и покрај тоа што Тери категорично негираше дека е виновен, а за целиот случај се заинтересира и полицијата па фудбалерот ќе се појави и пред суд во Лондон.

КПР и Челзи бараа од своите фанови да се однесуваат соодветно на утрешната средба на Лофтус Роуд, а менаџерот на ’Сините’ Андре Вилаш Боаш советуваше Фердинанд и Тери да си подадат рака пред почетокот на натпреварот.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]