Официјално: Касерес се врати во Јувентус

Јувентус со соопштение на својата веб страна го потврди ангажманот на Мартин Касерес од Севиља

Дефанзивецот, кој го носеше дресот на Јувентус во сезоната 2009/2010, денеска успешно ги помина лекарските прегледи и стави потпис на договорот, со што официјално го комплетираше трансферот.

’Бјанконерите’ ќе платат 1,5 милиони евра за шест месечна позајмица на дефанзивецот, а ќе имаат опција летоска да го направат неговиот трансфер перманентен за 8 милиони евра.

’Старата Дама’ ќе мора во целост да го откупи договорот на Касерес доколку заврши на една од првите шест позиции.

Доколку Јуве не забележи топ шест пласман, нема обврска да го направи трансферот перманентен, но во тој случај ќе треба да плати казна од 1,5 милиони евра.

“Една ипол година по првиот настап за Јувентус, Мартин Касерес се враќа во Торино.” – гласеше соопштението на Јуве.

“По искуството во Севиља, дефанзивецот се враќа во Јуве на позајмица.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]