Куенка во Барселона до 2015
20 годишниот Куенка, кој оваа сезона доби шанса да биде дел од тимот на Пеп Гвардиола, беше обврзан кон Барселона до крајот на сезоната.
Затоа голем број на клубови, помеѓу кои Манчестер Јунајтед, Арсенал и Челзи пројавија интерес за ангажман на Шпанецот.
Но ’Каталонците’ во ниту еден момент не помислија да останат без услугите на фудбалерот, и по неколку месечни преговори, успеаа да го продолжат договорот на Куенка.
“Барселона и Исак Куенка постигнаа согласност за продолжување на соработката до 30. јуни 2015.” – гласеше соопштението на актуелниот шампион на Шпанија.
“Куенка ќе стави потпис на новиот договор во вторник 31. јануари.”
Фудбалерот на својот Твитер профил напиша: “Кој помислуваше на нешто вакво пред неколку месеци.”
“Фудбалер сум на најдобриот тим во светот. Сонот започнува денеска.”
