Џек Вилшер ја обнови повредата
Англискиот репрезентативец оваа сезона нема ниту еден настап за Арсенал, откако летоска замина на операција на скочниот зглоб.
Се чинеше дека Џек Вилшер се опоравува побрзо од предвидувањата, и се најавуваше дека фудбалерот ќе се врати на терените во февруари.
Но неговиот кам-бек се одложува, откако Вилшер почувствувал болка во скочниот зглоб на последниот тренинг.
“Вилшер повторно чувствува болка во скочниот зглоб.” – рече Венгер на денешната прес-конференција.
“Болката се појави додека тој трчаше, па прекинавме со тренинзите веднаш. Денеска ќе има преглед кај специјалист.”
“Не можам да ви кажам повеќе вести за состојбата на Џек, бидејќи можам да погрешам.”
Соопштувајќи малку попозитивни вести, менаџерот на Арсенал додаде: “Неколку фудбалери ќе имаат тестови. Бакари Сања би можел да се врати во составот, исто како и Тиери Анри и Микел Артета.”
