Хонда: Сакам да се преселам во Лацио

Кеисуке Хонда вели дека Лацио и ЦСКА Москва се во финална етапа од преговорите, и тој со нетрпение чека да го облече дресот на ’Бјанкочелестите’

Управата на Лацио напорно работи на трансферот на плејмејкерот на ЦСКА, и веќе беа одржани неколку средби помеѓу двата клуба.

Се говори дека ’Бјанкочелестите’ сакаат да го ангажираат јапонскиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го направат неговиот трансфер перманентен.

За Nikkan Sports Кеисуке Хонда вели дека преговорите се во напредна фаза, и очекува наскоро да биде постигнат договор за негова преселба во Рим.

“Сакам да се преселам во Лацио.” – рече 25 гоидшниот Хонда. “Убеден сум дека ќе се реализира зделката. Двата клуба се во финалната етапа од преговорите.”

“Сеуште не сум се договорил со Лацио, но во денешниот свет на фудбалот се може да се случи во последниот час од трансфер пазарот.”

Фудбалерот потоа додаде: “Мојата намера е да играм во Серија А. Можеби не е најдоброто првенство во светот, и нивото на игра забележа пад во последните неколку години.”

“Но дефинитивно е најтешкото првенство за оние што играат во нападот. Се игра на високо тактичко ниво, и дефанзивците не ви оставаат премногу простор.”

“Не е лесно да се каже, но со нетрпение го чекам овој нов предизвик.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]