Красиќ е подготвен да остане во Јуве

Српскиот интернационалец, Милош Красиќ веројатно ќе остане во Јувентус до крајот на сезоната.
Милош Красиќ го загуби местото во Јувентус па се поврзува со заминување од клубот во јануарскиот преоден рок.
 
Тој се поврзува со бројни клубови, но неговиот агент вели дека најреална е опцијата тој да остане во Јувентус до крајот на сезоната.
 
"Вистината е дека фудбалерот сеуште не донел дефинитивна одлука за својата иднина. Како што стојат сега работите, тој сака да остане во Јувентус" - вели неговиот агент Дејан Јоксимовиќ за calciomercato.com.
 
"Имаме понуди од англиски и турски клубови, но ниту една од нив не задоволува. Има уште пет дена до крајот на преодниот рок па ќе видиме дали ќе се случи нешто до 31. јануари".
 
"Исто така ќе почекаме да видиме и дали ќе дојде понуда од Русија бидејќи нивниот преоден рок завршува за еден месец".
 
Медиумите пишуваа дека Лацио се обидува да го донесе Красиќ во своите редови, но агентот ги демантира ваквите стории.
 
"Нема ништо со ниту еден италијански клуб. Во моментов фудбалерот преферира да остане во Јувентус".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 149
Милан [43.62%, 65 гласови]
Нерешено [6.04%, 9 гласови]
Јувентус [50.34%, 75 гласови]