Самба очајно посакува да го напушти Блекбурн

Централниот дефанзивец на Блекбурн, Крис Самба побара да го напушти клубот од Ивуд Парк.
Тотенхем и Квинс Парк Ренџерс се интересираат за Крис Самба кој се проценува на 7 милиони фунти.
 
Фудбалерот на почетокот од јануари достави барање за трансфер и сега уште еднаш ја потврдува својата намера да замине.
 
Сопственикот на Блекбурн, и менаџерот на клубот најавија дека Самба не е на продажба, но тој е очаен да си замине.
 
"Кога на некој пар не му оди, тие се разведуваат, таква е ситуацијата помеѓу мене и Блекбурн" - изјави Самба за Sun.
 
"На Блекбурн му се потребни фудбалери кои се посветени 100% на клубот, јас не сум таков".
 
"Единствен начин да го решим овој проблем е да ме пуштат да заминам. За мене ќе биде многу тешко да играм повторно за овој клуб".
 
"Тука сум на крајот на патот. И тоа нема да се промени, за нивно и мое добро, тие мора да ме продадат сега".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 149
Милан [43.62%, 65 гласови]
Нерешено [6.04%, 9 гласови]
Јувентус [50.34%, 75 гласови]