Балотели: Не сум насилен фудбалер

Напаѓачот на Манчестер Сити, Марио Балотели вели дека добил не фер третман од Фудбалската Асоцијација по изречената суспензија од четири натпревари

Контроверзниот Италијанец се најде на тапет кај фудбалските власти откако со пета го удри Скот Паркер во глава на дуелот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем во неделата.

За време на натпреварот судијата Хауард Веб не го забележа инцидентот, но подоцна откако беа прегледани видео доказите, Фудбалската Асоцијација на Англија го обвини Балотели за насилно однесување.

Манчестер Сити реши да не поднесе жалба, па напаѓачот доби четири натпревари суспензија, која почна да ја одработува уште на вчерашниот реванш дуел со Ливерпул во полу-финалето на Карлинг Купот.

Во интервју за The Independent ’Супер Марио’ вели дека не е насилен фудбалер, и додава дека ја прифатил казната само поради тоа што не можел да докаже дека е невин.

“Не сум гад, ниту пак насилен фудбалер.”

“Ја прифатив казната бдиејќи не можев да докажам дека сум невин. Не се обидов да го удрам Скот Паркер.”


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]