Официјално: КПР го комплетираше трансферот на Онуоха

Квинс Парк Ренџерс го комплетираа трансферот на Недум Онуоха од Манчестер Сити, тој потпиша четири ипол годишен договор.
Не запираат активностите на КПР во зимскиот преоден рок, ангажиран е дефанзивецот Недум Онуоха од Манчестер Сити.
 
Новиот менаџер на тимот, Марк Хјуз е задоволен што ќе го има Онуоха во својот тим.
 
"Недум е фудбалер кој добро го познавам" - изјави Хјуз за официјалната страна на КПР.
 
"Тој играше многу добро за мене во Манчестер Сити и одигра бројни натпревари, веројатно повеќе од под водство на било кој друг менаџер".
 
"Онуоха е разновиден фудбалер. Може да игра како централен дефанзивец, но и како десен бек, има добра брзина. Тој е многу добро засилување за составот".
 
КПР кој уште е активен на пазарот, претходно успеа да го донесе Таје Таиво од Милан кој пристигна на позајмица со можност да биде целосно откупен по крајот на сезоната.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 149
Милан [43.62%, 65 гласови]
Нерешено [6.04%, 9 гласови]
Јувентус [50.34%, 75 гласови]