Ведад Ибишевиќ пред трансфер во Штутгарт

Босанскиот репрезентативец Ведад Ибишевиќ денеска треба да потпише договор со Штутгарт и да стане нов фудбалер на ’Швабите’

Штутгарт без да открива детали од зделката соопшти дека Ведад Ибишевиќ денеска треба да ги помине редовните лекарските прегледи и да го официјализира трансферот на Мерцедес Бенц Арената.

Медиумите од Германија пренесуваат дека 27 годишниот напаѓач ќе стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2016.

Се говори дека од неговата продажба, Хофенхајм ќе инкасира околу 5,5 милиони евра.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]