Дос Сантос пред трансфер во Виљареал

Виљареал потврди дека е во напредни преговори со Тотенхем за ангажман на Џовани Дос Сантос.
22-годишниот мексикански фудбалер не успеа да се снајде во Тотенхем откако во 2008 пристигна од Барса како голем талент.
 
Се чини дека полека доаѓа крајот на престојот на Дос Сантос во Тотенхем, информациите велат дека тој е пред трансфер во Виљареал.
 
Потрпретседателот на Виљареал, Хозе Мануел Ланеза потврди дека тие се во напредни преговори за трансфер на Дос Сантос.
 
"Преговорите се одвиваат добро и се чини дека фудбалерот сака да дојде во Виљареал" - изјави Хозе Мануел Ланеза.
 
"Договорот не е финализиран, но очекуваме решение до викендот. На Виљареал му се потребни офанзивни фудбалери".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]