Лоши вести за Дортмунд, Геце ќе паузира два месеци

Борусија Дортмунд соопшти дека Марио Геце поради повреда на препоните ќе мора да паузира од шест до осум недели

19 годишниот плејмејкер е надвор од стројот од 10. декември минатата година и ги пропушти последните три натпревари на Борусија Дортмунд во Бундеслигата, но се чинеше дека наскоро Јирген Клоп ќе може да смета на услугите на Марио Геце.

Сепак, поради инфекција на препоните, германскиот интернационалец ќе биде надвор од терените и во следните шест до осум недели.

Борусија Дортмунд на својата веб страна соопшти дека Марио Геце ќе мора целосно да одмара две недели, а дури потоа да започне специфична програма за рехабилитација.

Актуелниот шампион на Германија очекува Геце да се врати на терените дури на средината од март, а дуелот со Аугсбург е посочен како можен натпревар за кам-бек на фудбалерот.


Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]