Шалке демантира интерес за Гути

Спортскиот директор на Шалке, Хорст Хелд ги негира гласините кои го поврзуваат клубот со ангажман на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути.
35-годишниот Гути е слободен фудбалер откако неговиот договор со Бешикташ беше раскинат во ноември.
 
Мадридскиот весник AS излезе со шпекулација дека Гути преговара со Шалке за трансфер во овој германски клуб.
 
Сепак спортскиот директор на Шалке ги демантира ваквите написи.
"Не е точно, нема ништо од тоа" - изјави Хорст Хелд за германската телевизија Sport1.
 
"Гути беше одличен фудбалер, но никогаш не сме се интересирале за него".
 
Сторијата на АЅ се базираше и на фактот дека Раул кој ги брани боите на Шалке, 15 години играше заедно со Гути во дресот на Реал Мадрид.
 
"Само затоа што АЅ решиле да напишат некое ѓубре, не значи дека е вистина".

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]