Македонија останува 103. на ФИФА ранг листата
Македонската фудбалска репрезентација остана на 103 место на најновата ФИФА ранг листа.
На јануарската листа на ФИФА, Македонија остана на разочарувачката 103 позиција на табелата.
Европските репрезентации немаа активности во изминатиот месец па бодовното салдо остана непроменето.
Нема промени ниту помеѓу 10 најдобри репрезентации, Шпанија останува лидер, зад неа се селекциите на Холандија, Германија, Уругвај, Англија, Бразил, Португалија, Хрватска, Италија и Аргентина.
Од соседите, Грција е 14., Србија се наоѓа на 27. место, Албанија е 77., Бугарија е на 83. позиција.
