Почина Миљан Миљаниќ, Битолчанецот кој му носеше титули на Реал Мадрид

Денес во Белград на 82. годишна возраст, почина Миљан Миљанич, Битолчанецот кој му носеше титули и на Реал Мадрид.
Легендата на српскиот фудбал, Миљан Миљаниќ денеска почина на 82. годишна возраст како последица на Алцхајмеровата болест со која подолго време се борел.
 
Миљаниќ е роден на 4. мај 1930 година во Битола каде што го поминува и своето детство пред да се пресели во Србија каде што ја започнува фудбалската кариера.
 
Но неговата тренеска кариера е онаа која му донесе голема слава, Миљаниќ е трофеен предводник на Црвена Ѕвезда, но и човек кој му донесе титули на Реал Мадрид во 1975 и 1976 година, како и трофеј во купот, тој беше и на кормилото на Валенсија каде што немаше значаен успех.
 
Миљаниќ во три наврати беше селектор на Југославија, но и претседател на Фудбалскиот Сојуз на Југославија.

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Кој ќе триумфира во Лигата на Шампионите?

Вкупно гласови: 1097
Баерн Минхен [49.50%, 543 гласови]
Челзи [50.50%, 554 гласови]