24фудбал

Пандев: Овој тим игра со срце, среќен сум во Наполи

Горан Пандев синоќа повторно беше херојот на Наполи, нашиот фудбалери го однесе својот тим во 1/4 финалето од Купот на Италија.

Италија
Мацари во стартниот состав му даде шанса на новото засилување Варгас, од кого се очекува многу, Пандев започна од клупата.
 
Чезена поведе, а Варгас имаше лошо деби, па Мацари реши да го стави Горан Пандев во игра на почетокот од вториот дел.
 
Пандев најпрво изведе слободен удар, по кој Кавани израмни на 1-1, а подоцна Македонецот го постигна и победничкиот гол за Наполи.
 
Пандев е во одлична форма и вели дека ужива во Наполи.
 
\"Важно беше да победиме и го направивме тоа, беше важно бидејќи останавме во купот\" - изјави Пандев по натпреварот.
 
\"Не знам дали беше гол, бев далеку од шеснаесетникот и имаше премногу луѓе. Но мислам дека влезе\".
 
\"Од таборот на Чезена се жалеа многу за голот, но моите соиграчи кои беа таму ми рекоа дека е внатре\".
 
\"Ова беше тежок натпревар, Чезена ни создаде многу проблеми, но на крајот заслуживме да победиме\".
 
Горан Пандев трет натпревар по ред постигнува гол за Наполи, ја тресеше мрежата на Џенова, па на Палермо за сега и на Чезена, претходно му даде два гола на Јувентус.
 
\"Тоа е знак дека сум во добра форма. Задоволен сум дека давам придонес во тимот, пред се\' се забавувам, тука ми е убаво\".
 
\"Токму затоа дојдов во Наполи, во тим кој веќе беше силен, тим кој игра како ретко кој, со срце\".