24фудбал

Пандев го однесе Наполи во 1/4 финалето од Купот на Италија

Со гол пред самиот крај на натпреварот, Горан Пандев го однесе Наполи во 1/4 финалето од Купот на Италија.

Италија
Наполи со пресврт славеше со 2-1 над Чезена, нашиот интернационалец го постигна победничкиот гол на четири минути пред крајот.
 
Горан Пандев во игра влезе во второто полувреме, кога Наполи имаше негатива од 1-0, и беше главниот инспиратор на победата.
 
Волтер Мацари му даде предност во стартниот тим на новото засилување, Варгас, но Пандев се покажа како клучниот фудбалер во овој натпревар.
 
Во 20. минута од натпреварот Чезена поведе со голот на Попеску.
Течеше 65. минута кога Горан Пандев биеше од слободен удар од 25 метри, топката ја одби голманот на Чезена, таа дојде до Кавани кој постигна гол за израмнување на 1-1.
 
Во 86. минута, Пандев биеше директно од слободен удар од косо, топката не ја затресе мрежата на Чезена, но ја мина гол линијата за победа на Наполи од 2-1 и пласман во 1/4 финалето од Купот на Италија.