24фудбал

Вијареџо: Интер ја потопи Академија Пандев

Очекуван пораз на македонскиот претставник од италијанскиот великан кој славеше со 4:0.

Македонија

Пораз на стартот на „Копа Карневале ди Вијареџо“ турнирот за Академија Пандев. Македонските надежи немаа шанси против еден од фаворитите за освојување на турнирот, а воедно и бранител на трофејот од лани.

Интер водеше со 1:0 на полувреме, а после паузата успеа уште три пати да ја затресе мрежата на Академија Пандев.

Во вториот натпревар од Групата 1 Специја со 5:0 го демолираше австралискиот претставник А.П.И.А. Лејкхард.

Наредниот натпревар на Академија Пандев е токму против Австралијците и тоа во среда од 14.30 часот.

Стадион „Торкуато Брешани“
Стрелци: 25' Балдини; 49' Кореја, 62' (пен) Рапајиќ, 68' Апија

Интер: Раду; Џамфи (59’ Матиоли), Гравилон, Дела Џована (68’ Кјарион), Собаки; Ѕонта, Де Микели (54’ Чауле), Бонето (68’ Ломбардони); Бакајоко (54’ Апија), Кореја (54’ Куаме), Балдини (59’ Рапајиќ).
клупа: Писардо, Ди Грегорио, Караро, Кањано.
Тренер: Стефано Веки

Академија Пандев: Георгиев, Јованов (79’ Шилинов), Малинов, Радојчиќ (68’ Мишов), Кочоски (79’ Ефремов), Петков (63’ Дончев), Миловановиќ (80’+2 Папуџиев), Темелков, Намевски, Курт (41’ Трапановски), Томовски (68’ Михајлов).
клупа: Спиров, Мицев, Стојков, Испиров, Киров, Делевски, Илиев.
Тренер: Југослав Тренчовски

Жолти картони: Собаки (И), Кочоски, Дончев (АП)
Главен судија: Федерико Ла Пена (Рим)
Помошници: Ботегони и Гори