Геце би можел да го обнови договорот со Борусија Дортмунд

Марио Геце вели дека се чувствува одлично на Сигнал Идуна Парк, и би можел да стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд

19 годишниот германски репрезентативец игра во извонредна форма, и е цел на голем број клубови ширум Европа.

 

Од таборот на Борусија Дортмунд веќе најавија дека Марио Гетце и следната сезона ќе настапува на Сигнал Идуна Парк, а самиот фудбалер сега ја отвара вратата за продолжување на договорот кој истекува во 2014.

 

“Можам да замислам како ставам потпис на нов договор.” – рече Геце. “Секогаш сум велел дека тука се чувствувам комфорно. Тоа се нема променето.”

 

“Тука е моето семејство и моите пријатели. Борусија Дортмунд, со овој тренер и овој тим, е едноставно извонреден клуб.”

 

’Милионерите’ веќе го ангажираа првото засилување за следната сезона, а тоа е одличниот Марко Ројс од Борусија Менхенгладбах.

 

“Ова е добра зделка, добиваме извонреден фудбалер.” – продолжи Геце.

 

“Го познавам од националниот тим. Одлично се разви во дресот на Менхенгладбах, и со нетрпение чекам да играм покрај него.”

Најчитани

Фудбал на ТВ

Вторник

21.02.2012

 

5+, 18:00

Лига на Шампиони: ЦСКА Москва - Реал Мадрид

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Наполи - Челзи

 

Среда

22.02.2012

 

Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Марсеј - Интер

 

5+, 20:45

Лига на Шампиони: Базел - Баерн Минхен

Анкета

Кој ќе го добие големото дерби помеѓу Милан и Јувентус?

Вкупно гласови: 149
Милан [43.62%, 65 гласови]
Нерешено [6.04%, 9 гласови]
Јувентус [50.34%, 75 гласови]