24фудбал

Манчестер Сити го освои Лига Купот на Англија (ВИДЕО)

По подоброто изведување на пенали, Манчестер Сити го победи Ливерпул и го освои Лига Купот на Англија, резултатот во регуларниот дел заврши 1-1.

Англија

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа одлично финале со повеќе шанси кое се решаваше по пеналите.

Манчестер Сити се радува на трофејот, голманот Кабалеро е херојот во пенал серијата.

Резултатот беше отворен по четири минути игра во вториот дел кога Фернандињо го совлада Миноле за водство од 1-0.

Сити имаше шанси и за поголема предност, но откако не ги реализираше казната стигна преку Кутињо во 83. минута кој изедначи на 1-1.

Тоа беше резултатот по 90 минути па натпреварот отиде во продолженија каде и двете екипи имаа свои шанси, но мрежите не се затресоа па пеналите го решаваа победникот.

Пенал серијата почна добро за Ливерпул, Емре Чан погоди, а Фернандињо не успеа. Но потоа голманот Кабалеро одбрани три пенали на Ливерпул, на Леива, Кутињо и Лалана, на спротивната страна погодија Навас, Агуеро и Јаја Туре за победа на Манчестер Сити.

Јирген Клоп не успеа да дојде до првиот трофеј во Англија, Пелегрини се чини дека го освојува последниот со Манчестер Сити.