Словенецот Роберт Певник е нов тренер на Работнички
Работнички брзо најде замена за Ѓоре Јовановски, нов тренер на клубот е Словенецот, Роберт Певник.
42-годишниот тренер потпиша шест месечен договор со Романтичарите со опција да биде продолжен на плус две години.
Роберт Певник е роден во градот Целје и е поранешен дефанзивец, кој во својата кариера го носел дресот на Публикум, Копер, Олимпија, Рудард, Коротан и Белтинци каде што ја завршил кариерата во 2000 година.
Во својата тренерска кариера ги има водено клубовите на Публикум, Домжале, Олимпија и Рудар.
Певник ќе биде првиот Словенец тренер на тим во македонската прва лига, воедно тоа ќе биде и негово прво тренерско искуство надвор од Словенија.
Претседателот на Работнички, Драган Поповски е задоволен од ангажманот на новиот тренер:
"Сакам да го истакнам моето задоволство од назначувањето на Роберт Певник за нов шев на стручниот штаб на ФК Работнички" - изјави Драган Поповски за официјалната страна на клубот.
"Како и што најавивме, се одлучивме на ваков потег за ангажман на странец тренер, за чиј квалитет говорат резултатите на екипите во кои има работено".
"Ова е воедно и прв пат во историјата на македонскиот екипен спорт, да се ангажира професионален тренер од Словенија".
"Со Певник се совпаднавме со концепцијата на ФК Работнички за афирмација и развој на млади и талентирани фудбалери кои во ФК Работнички ги има многу на број".
"Уште еднаш сакам да му посакам среќа на новиот шеф".
Повеќе информации за македонскиот фудбал прочитајте на macedonianfootball.com
