24фудбал

Напаѓачките триа на Барселона и Реал Мадрид се израмнети: „МСН“ - „ББС“ 53:53

По денешниот натпревар против Селта, напаѓаките триа на Барселона и Селта се израмнија, имаат постигнато по 53 гола во досегашниот дел од сезоната во Примера.

Шпанија

Напаѓачкото трио на Барселона, Меси, Суарез, Нејмар или „МСН“ како што го нарекуваат, денеска имаше маестрална партија против Селта. Суарез постигна хет-трик, а по еднаш прецизни беа Меси и Нејмар.

Со овие погодоци се израмнија со напаѓачкото трио на Реал Мадрид кое исто така игра фантастична сезона. Бензема, Бејл и Роналдо познати по кратенката „ББС“ исто така имаат 53 гола оваа сезона.

МСН: Суарез 23, Нејмар 17, Меси 13

ББС: Роналдо 21, Бензема 19, Бејл 13

Екипата на Барселона има и натпревар помалку по кој има шанси да го надмине триото на Реал Мадрид по ист број на мечеви во Примера.