24фудбал

Клоп: Победата од 6-0 е мелем за душата

Ливерпул денеска ја прегази Астон Вила со убедливи 6-0, а Јирген Клоп вели дека вакви победи не се случуваат секој ден и додава дека резултатот е мелем за душата

Англија

Клубот од Енфилд извонредно се опорави по елиминацијата од ФА Купот, од гостувањето кај Астон Вила, Ливерпул се враќа со три бода и шест гола во противничката мрежа.

„На последните неколку натпревари Астон Вила играше добро, знаевме дека нема да биде лесно, но одигравме на потребното ниво и постигнавме голови во право време” – рече Јирген Клоп по натпреварот.

„Водство од 2-0 на полувреме е добар резултат. Продолживме со исто темпо и во вториот дел, постигнавме уште неколку погодоци и победивме со 6-0”.

„Вакви резултати ретко се случуваат, па ќе треба да го чуваме за црни денови”.

„Ова беше добар натпревар за нас, мелем за душата, нови три бода на нашето салдото, ја подобривме гол разликата, па да, се беше добро”.