24фудбал

Торес му донесе нова победа на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Со гол на Фернандо Торес уште на самиот старт на натпреварот, Атлетико Мадрид со 1-0 славеше на гостувањето кај Гетафе.

Шпанија

Атлетико Мадрид славеше минимална победа на гостувањето кај Гетафе со која се врати на втората позиција на табелата.

Единствениот погодок беше постигнат уште во 70. секунда од натпреварот кога по одлична асистенција на Фереира Караско на Торес не му беше тешко да ја погоди мрежата на противникот.