24фудбал

Михајловиќ го впери прстот кон Балотели

И покрај победата над Џенова, Синиша Михајловиќ беше нервозен од перформансите на Марио Балотели кој не се залагаше како што посакува српскиот стратег.

Италија

Со головите на Бака и Хонда, Милан имаше водство од 2-0 против Џенова, но Черчи во 92. минута намали на 2-1, а гостите имаа шанси да израмнат во последните мигови од мечот.

Михајловиќ викаше по Балотели по натпреварот кој во игра влезе во 88. минута и воопошто не помагаше во дефанзивата.

„Требаше да победиме и победивме. Одигравме добар натпревар“ - изјави Михајловиќ.

„Требаше да постигнаме и трет гол и да не ризикуваме до крајот. Оние кои нема да се жртвуваат за тимот до 94. минута нема да стапнат повеќе на теренот“.

„Не беше само Балотели, имаше уште двајца-тројца како него, знаат тие за кои зборувам“.