24фудбал

Шиков направи пенал, Рапид води на големото австриско дерби (ВИДЕО)

Нашиот репрезентативец им овозможи на гостите да зголемат на 2:0 во најголемото австриско дерби помеѓу неговата Аустриа и Рапид.

Видео

Ванче Шиков е стартер кај виенска Аустриа која во 316-тото дерби на Австрија го пречекува големиот локален ривал Рапид. Гостите уште во 9. минута го отворија резултатот, а нашиот Ванче во 13. направи пенал откако го собори Матеј Јелич во казнениот простор по што Рапид го дуплираше водството. Сигурен рeализатор беше Штефен Хофман, а Шиков за стартот доби и жолт.