24фудбал

Ливерпул немаше љубов кон Астон Вила, шест „парчиња“ во мрежата на Бан (ВИДЕО)

Ливерпул со фантастични 6-0 победи на гостувањето кај Астон Вила, најубедлива победа на „црвените“ оваа сезона, Даниел Стариџ повторно постигнува голови.

Англија

Фантастичен ден за Ливерпул, победа од неверојатни 6-0 на гостувањето кај Астон Вила.

Натпреварот го отвори Даниел Стариџ во16. минута, кој се најде во стартниот тим и ја искористи таквата позиција по долго време повторно да постигне гол.

Седум минути подоцна Милнер зголеми на 2-0, а серијата погодоци продолжи во вториот дел во кој во листата на стрелци се запишаа и Чан, Ориги, Клајн и Коло Туре.

Со овој пораз се чини дека на Астон Вила и нема спас од испаѓање во Чемпионшип. Има само 16 бода, осум помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.