24фудбал

Скандал го тресе ПСЖ во пресрет на дуелот со Челси: Орие го навредуваше тренерот Блан

„Светците“ привремено го суспендираа дефанзивецот Серж Орие, откако на социјалните мрежи беше постирано видео во кое тој го навредува тренерот Лоран Блан

Франција

Репрезентативецот на БСК, одговараше на прашања поставени од фановите на ПСЖ преку видео апликацијата Periscope.

Како што пренесуваат медиумите од Франција, дефанзивецот малку претерал со одговорите, и упатил доста критики на адреса неговите соиграчи, а особено на тренерот Лоран Блан.

Извештаите велат дека лидерите на ПСЖ веднаш реагирале, и му порачале на играчот да не се појавува на денешниот тренинг, а во текот на денот ќе оддржат и средба со неговите агенти.

Исто така се најавува дека Серж Орие до крајот на денот ќе се извини за своите постапки.