24фудбал

Бака и Хонда ја решија Џеноа (ВИДЕО)

Милан немаше проблеми на Сан Сиро да и се реваншира на Џеноа за поразот во есенскиот дел од првенството.

Италија

Веќе во 5. минута резултатот гласеше 1:0 за „росонерите“ откако домашната одбрана заборави на Карлос Бака кој не пречен од никого со топовски удар ја „искина“ мрежата на Матиа Перин. Милан ја контролираше играта недозволувајќи им на гостите да се заканат кон голот на младиот Донарума.

Во 64. минута го дуплираше водството преку Кеисуке Хонда кој испрати прецизен удар од триесетина метри, а Перин беше прекраток. Џеноа гол за утеха постигна во третата минута од судиското надополнување преку Алесио Черчи. Тоа всушност беше и првиот шут во рамките на голот од страна на гостите.

Важна победа за Милан кој е назад во игра за третото место кое води во квалификациите од Лигата на Шампиони.

Кај Џеноа веќе осми натпревар по ред Горан Пандев преседува на клупата за резерви.