24фудбал

Хидинк: Ние сме тим со многу маски, ние сме Зоро тим! (ФОТО)

Диего Коста стана последниот играч на Челси кој во изминатите години носел заштитна маска на лицето, па англиските медиуми веќе почнаа да се шегуваат нарекувајќи ги „Зоро тим“.

Англија

Напаѓачот на Челси, Диего Коста во синоќешната победа над Њукасл носеше заштитна маска откако претходниот ден го скрши носот на тренинг.

Покрај Коста, на дуелот против Њукасл маска носеше и Аспиликуета кој сеуште се опоравува од скршеница на јаболчницата.

Па на прес конференцијата менаџерот на Челси, Гус Хидинк се пошегува за овој момент кај сините.

„Ние сме тим со многу маски. Ние сме Зоро тим!“ - изјави Гус Хидинк.

Оваа сезона маски носеа и Немања Матиќ и Гери Кејхил, а во изминатите години маскитани беа и Фабрегас, Чех, Торес, Тери.