24фудбал

Инсиње: Нерешено беше најправедно!

„На навивачите им ветувам дека наредните 13 натпревари ќе ги одиграме како 13 финалиња!“

Италија

Лоренцо Инсиње разочаран по загубеното дерби во Торино. Наполи не е повеќе лидер, но има уште до крајот на сезоната, ништо не е загубено.

„Ова нема да не депримира иако сме свесни дека загубиме многу важен натпревар. Јувентус се затвори од сите страни и не успеавме да дојдеме до голот на Буфон. Загубивме поради тоа што топката го смени правецот удирајќи се во Албиол, но продолжуваме понатаму и веќе мислиме на четврток.“

Во четврток Наполи има тешко гостување кај Виљареал во 1/16-финалето од Лига Европа. Прашање е колку психички играчите ќе се опорават по саботното издание.

„Ова е пораз кој боли, но важно е да се продолжи понатаму и да се даде максимумот на останатите натпревари. Одигравме одлично, 0:0 ќе беше најреален резултат. Задоволен сум од мојата игра, дадов с од себе како и секогаш, се жртвувам доста во дефанзивата бидејќи Куадрадо притискаше многу.“

До крајот на Серија А Наполи и Јуве ќе треба да одиграат уште 13 натпревари во кои ќе се реши освојувачот на Скудетото. Сега Јуве има бод предност на табелата.

„Единствено што можам да им ветам на навивачите е дека наредните 13 натпревари ќе ги одиграме како 13 финалиња!“