24фудбал

Ѕаѕа: Овој момент долго ќе го паметам

Херојот на Јувентус, Симоне Ѕаѕа не го крие задоволството по големата победа на Јувентус по која го престигнаа Наполи на табелата и се искачија на врвот.

Италија

Благодарение на убавиот гол на Симоне Ѕаѕа во финишот, Јувентус славеше во големото дерби над Наполи и ја забележа 15. победа по ред во Серија А.

„Го победивме лидерот во Серија А и сега ние сме на врвот“ - изјави Ѕаѕа по мечот.

„Натпреварот беше тежок, игравме против многу силен состав, задоволен сум од она што го прикажавме“.

„Сега сме лидери и се зависи само од нас. Се надевам дека овој мој погодок ќе биде одлучувачки за првенството. Важно е што сега ние сме господари на нашата субина“.

„Имав среќа за погодокот и моите соиграчи се бореа максимално во текот на целиот меч, за секоја топка. Овој момент долго ќе го паметам“.