24фудбал

Ѕаѕа е херојот на Јуве, „Дамата“ го доби дербито со Наполи и се искачи на врвот! (ВИДЕО)

Со гол на Симоне Ѕаѕа во 88. минута од натпреварот, Јувентус славеше минимална но многу значајна победа над Наполи по која се искачи на врвот во Серија А.

Италија

Јувентус го доби натпреварот на сезоната во Серија А победувајќи го Наполи со 1-0 со гол во самиот финиш од натпреварот.

Италијанскиот шампион ја забележа и 15. победа по ред, ниту Наполи не можеше да го спречи триумфалниот марш на Јувентус.

Клучниот момент се случи во 88. минута од натпреварот кога резервистот Симоне Ѕаѕа постигна гол од далечина за огромна радост во Торино.

По овој натпревар Јувентус е лидер во Серија А, Наполи по подолго време падна од врвот.