24фудбал

Порто ја совлада Бенфика среде Лисабон (ВИДЕО)

Најголемото португалско дерби по втор пат сезонава му припаѓа на Порто кој со пресврт дојде до трите бода.

Останато

По втор пат сезонава Порто слави на Бенфика. И тоа овој пат со пресврт се радуваше среде Лисабон.

Доамќините го отворија резултатот во 18. минута преку Констатинос Митроглу, по што гостите мораа да направат комплетен пресврт за да дојдат до трите бода. Мексиканецот Ектор Ерера израмни во 28. минути, а камерунскиот репрезентативец Венсан Абубакар беше стрелец на победничкиот гол во 65. минута.

Ова беше вкупно 234-ти двобој на популарното „о Класику“ како што го нарекуваат Португалците. Порто ја забележа 91. победа, Бенфика остана на 86.

На табелата Бенфика останува прва со 52 бода исто колку и Спортинг кој утре му гостува на Насиунал, а Порто остана трет но сега со 49 бода.